Во продолжение се наведени дел од утврдените факти од институции и поединци од Соединетите Американски држави.
-„Еден хектар од одрасната шума обсорбира околу 15 тона/година СО2 и ослободува околу10 тона/година, кислород што е доволно за годишните потреби на 45 лица“.
U.S. Department of Agriculture
-„Соодветно засадените дрвја околу куќата, можат да заштедат околу 30% од енергијата потребна за разладување на просториите, како и заштеда на 20 – 50% од потребната енергија за затоплување на домот“.
USDA Forest Service
-„Со засадувањето на дрвја се подобрува квалитетот на водата, намалувањето на ерозијата. Тоа овозможува и помалите извори да не пресушуваат и во летните периоди. Шумските површини ги намалуваат можностите, седименте и другите хемиски субстанци во почвата да не се однесат преку истечните води“.
USDA Forest Service
-„Лабораториските истражувања покажале дека набљудувањето на дрвја или шума, ја подобрува стресната состојба за околу 5 минути. Истовремено се променува и крвниот притисок, како и затегнатоста на мускулите“.
Dr. Roger S. Ulrich Texas A&M University
-„Ако денеска засадиш дрво во дворот, по 5 години сметката за струја ќе се намали за 3%, а во 15-тата година за околу 12%“.
Dr. E. Greg McPherson, Center for Urban Forest Research
Изреки за шумите од календарот на милијарда садници во 2007 од UNEP:
- Засади дрво како заветување за идните генерации.
- Ако мислиш за една година напред, посеј жито. Ако мислиш десетици години на напред засади дрво, Chinese poet, 500 BC
- Дрвјата се поеми кои што Земјата ги пишува на Небото. Ние ги чувствуваме долу и ги претворуваме во хартија, на која ги испишуваме нашите празнини, Kahlil Gibran


