 |
| |
ИНИЦИЈАТИВА ЗА БАЛКАНСКА АКЦИЈА
сон за пошумен балкан и пошумена планета
ПЕРСПЕКТИВИ
Перспективите на зафатот се неограничени, оти капацитетот на доброто е бесконечен.
Акцијата веќе нема граници... Оти воздухот не е само наш, и сенките и зелените пошумени еко-оази не се само наши, тие се на сите. И затоа наесен планираме сите заедно да засадиме десет милиони садници на целиот Балкан. Како да е Балканот еден рид, една нова приказна. Новиот сон е – пошумен Балкан.
Веруваме во новата еко-синергија на Балканот. Само преку мрежа на соседска и пријателска соработка во регионот може да се постигне целта на позитивно влијание на локално, регионално и глобално ниво.
Нашите хоризонти се неограничени во просторот и во времето... Додека растат сенките на нашите пријатели – шумите, расте и нашиот непрегледен духовен имот – оти нема повисока екологија на умот и на нашата свест – од обновата на најсуштественото – срцето на нашата иднина – шумите...
Ви благодариме доколку станете нова иднина – преку всадување на дел од себеси во новите засадени шуми на Балканот, Европа и светот.
|
| |