 |
| |
|
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
30 Март 2010
С О О П Ш Т Е Н И Е - Список на општини и организиран превоз каде ќе се сади ( 13 Ноември 2009 )
Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија на 30.03.2010 година (Вторник) да земат учество во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ и со засадување на што повеќе садници да придонесат кон унапредување на животната средина. За таа цел ќе биде организиран бесплатен превоз на граѓаните до локациите каде што ќе се пошумува. Граѓаните може да се приклучат на било кој автобус или организирана група и да заминат на било која локација каде што ќе се пошумува.
Распоред на автобуси
Распоред на локации и автобуси (30.03.2010)
27 Ноември 2009
КОНКУРС ЗА ЛИТЕРАТУРНИ И ЛИКОВНИ ТВОРБИ НА ТЕМА „КАКО ГО ЗАМИСЛУВАМ ПЕЈСАЖОТ НА МОЈАТА ДРЖАВА ПО 30 ГОДИНИ“
Здружението на граѓани „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ распишува конкурс на тема „Како го замислувам пејсажот на мојата држава по 30 години“.
Замислата на наведената тема може да се искаже преку литетатурен текст или ликовна творба.
Конкурсот е одобрен од Министерството за образование и наука, со писмената согласност број 11-3504/2 од 10 ноември 2009 година.
Право на учесто имаат учениците од основни и средни училишта во Република Македонија.
Поради технички причини при оценката на жирикомисијата, училиштата може да учествува со најмногу 3 (три) творби од областа на литературата и со најмногу три ликовни творби, одбрани од комисија утврдена во училиштето.
Во жири-комисијата при „Ден на дрвото“ вклучени се познати имиња од литературата и ликовното творештво во Република Македонија, кои се членови или подржувачи на „Денот на дрвото – засади ја својата иднина!“
На ниво на Република Македонија, жирикомисијата, ќе одбере по три награди (прва, втора и трета) од областа на литературните творби и три(прва, втора и трета) награда од пристигнатите ликовни творби, и тоа посебно за основните училишта и посебно за средните училишта.
Износот на наградите ќе биде утврден дополнително.
Творбите треба да се испратат најдоцна до 30 декември 2009 година, на адреса: улица Македонија број 3, 1000 Скопје, или по електронска пошта; treedaymk@yahoo.com , contact@treeday.com.mk ,или info@treeday.com.mk
Одлуката за наградените творби ќе бидат објавени на Веб-страницата на Денот на дрвото www.treeday.com.mk и јавните гласила најдоцна до 25 фебруари 2010 година.
За било какви дополнителни информации, можете да се информирате. На телефоните: 02 /32 96 750 или е-маил: treedaymk@yahoo.com
Ви благодариме за учеството.
27 Ноември 2009
КОНКУРС ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ДРВО СО ПРЕФИКС „НАЈ“ И УТВРДУВАЊЕ НА НЕГОВИТЕ ПАРАМЕТРИ
Здружението на граѓани „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ распишува конкурс за пронаоѓање на дрво со префикс „Нај“ и утврдување на неговите параметри.
Конкурсот е одобрен од Министерството за образование и наука, со писмената согласност број 11-3504/2 од 10 ноември 2009 година.
Право на учество имаат учениците од средни училишта во Република Македонија.
Училиштата може да учествуваат со пријава на пронајдено дрво и утврдени неговите параметри во следните категории:
- Најстаро дрво во регионот
- Најдебело дрво во регионот
- Највисоко дрво во регионот
- Најубаво дрво во регионот (обврзно со слики најмалку од три страни) и/или
- Дрво со најпозната анегдота или историски настан
На основа утврдените критериуми жири-комисијата од секоја од напред наведените категории ќе го одбере најдрвото на ниво на Република Македонија.
Покрај наградата чии што износ ќе биде утврден дополнително, на Web-страницата на „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ ќе се објавуваат дрвјата со префикс „НАЈ“ по сите категории.
Планираме, ваквите истражувања да продолжат и во идните години, доколку се пронајде ново дрво чии димензии или други карактеристики утврдени со Проектот, ги надминуваат дотогаш утврдените и евидентирани дрвја, на ниво на регион и/или на ниво на Република Македонија (систем на Гинисовата книга на рекорди).
Трудовите треба да се испратат најдоцна до 1 април 2010 година, на адреса: улица Македонија број 3, 1000 Скопје, или по електронска пошта, treedaymk@yahoo.com, contact@treeday.com.mk или info@treeday.com.mk
Одлуката за наградените творби ќе бидат објавени на Веб-страницата на Денот на дрвото, www.treeday.com.mk и јавните гласила најдоцна до 30 април 2010 година.
За било какви дополнителни информации, можете да се информирате. На телефоните: 02 32096 750 или е-маил: contact@treeday.com.mk или info@treeday.com.mk или, Проект-менаџерот Јован Мазгански тел. 071 602 575 - jovanmazganski@yahoo.com
Насоките за реализирање на Проектот, Ви доставуваат во прилог, а можат да се превземаат и од нашата web-страница.
Ви благодариме за учеството.
ПРОЕКТ за Прибирање податоци за нај_дрво во вашата околина
КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПРЕДЛОЗИТЕ
10 Ноември 2009
С О О П Ш Т Е Н И Е - Список на општини и организиран превоз каде ќе се сади ( 13 Ноември 2009 )
Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија на 13.11.2009 година (петок) да земат учество во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ и со засадување на што повеќе садници да придонесат кон унапредување на животната средина. За таа цел ќе биде организиран бесплатен превоз на граѓаните до локациите каде што ќе се пошумува. Граѓаните може да се приклучат на било кој автобус или организирана група и да заминат на било која локација каде што ќе се пошумува.
08 Ноември 2009
Голем промотивен концерт “Ден на дрвото – засади ја својата иднина”
На 08 ноември 2009 со почеток во 20 часот ќе се одржи голем промитивен хепенинг на плоштад Македонија. Со учество на музички ѕвезди ( поддржувачи на најмасовната акција Ден на дрвото – засади ја својата иднина).
За таа цел при делењето на промотивен материјал и како официјални промотори ќе бидат ангажирани студенти и ученици од македонските образовни институции.
Концертот ќе биде медиумски покриен со телевизиски пренос од Македонската Радио Телевизија.
|
| |